Вардар го торпедираше Шкупи со 6:1.

     Натпреварот се одигра на теренот на тренинг центарот Петар Милошевски, каде што Вардар како домаќин го надигра и убедливо го победи Шкупи со 6:1, со што го задржа лидерството на табелата со 39 бода.
    Иако првиот гол падна во 36 минута од натпреварот чиј стрелец беше Закариќ, Вардар претходно не успеа да реализира неколку шанси на Босанчиќ, Закариќ, Талески, кои пак ако реализираа погодоци победата на Вардар ќе беше со двоцифрена разлика.
Веднаш по првиот постигнат гол, во следниот напад Закариќ повторно погоди, со кои резултат фудбалерите заминаа на пауза.
    Расположението за постигнување погодоци продолжи и во второто полувреме, така што на самиот почеток во 47 минута Талевски погоди за 3:0. 10 минути подоцна Омерагиќ го постигна првиот од трите погодоци на овој натпревар, со што го запечати резултат на 6:1 во корист на Вардар.
Почесниот гол за Шкупи го постигна Станковски.

    Во продолжение на следниот ЛИНК , можете да ги проследите изјавите на стрелците на головите Закариќ, Талески и Омерагиќ.