АД ФК ВАРДАР 1947



     Првата фудбалска топка во Македонија е донесена пред Балканските војни.
Организирано натпреварувачки почнува да се игра за времето на Кралството Југославија.
     Во Скопје се формирани многу клубови: Граѓански на занаетчиите, Југ на работниците, Локомотива, Победа... А најзначајниот фудбалски колектив е ФК Македонија, која за време на бугарската окупација успева да ги победува бугарските клубови што доаѓале од Софија, а воедно да промовира анти-фашизам.

     ФК Вардар е формиран во 1947-ма, како спој на неколку клубови што постоеле во предходната деценија.
ФК Вардар се натпреварува во рамите на Југословенските сојузни лиги, остварувајки ги своите два најголеми успеси,победник на Купот на Маршалот Тито (28.05.1961)

    

и Шампион на СФР Југославија (1986/87).

     По осамостојувањето на Република Македонија Вардар има освоено 11 титули Шампион на Mакедонија, а бил и 5 пати победник на Kупот на Македонија.

     Од настапите на меѓународна сцена остануваат запаметени дуелите со ФК Порто, ФК Малме, ФК Копенхаген, ФК Фенербахче, ФК Зенит, Фк Реал Сосиедад...