ФК Вардар со убедлива победа од 5:1 против екипата на Арсими го започна пролетниот дел во 1ПМФЛ, со што остана на врвот со поголема
бодовна разлика од останатите.
Вардар одигра фантастичен натпревар, а се беше решено уште по првото полувреме кога фаворитот постигна четири гола во мрежата на
ривалот. Стефан Цветковиќ го отвори резултатот уште во 6 минута. Следуваа голови на Бобан Николов, Дарко Велковски и Неманја Босанчиќ.
Вториот дел од натпреварот беше рутински одигран, при што шанса добија повеќе играчи од големиот ростер на Вардар, а петтиот и последен
гол за Фк Вардар го постигна Азер Омерагиќ.
Во самиот финиш на натпреварот Арсими постигна почесен погодок од пенал.
Вреди да се спомене дека на овој натпревар за ФК Вардар дебитираше левиот бек Филип Цветковски, кој со своите 16 години и шест месеци
одигра одличен натпревар.
Во следното коло Врадар му гостува на Работнички.
На следниот ЛИНК, можете да ги проследите изјавите на
стрелците на головите од денешниот натпревар.