ФК Вардар нанижа нови 3 бода против Башкими.

     ФК Вардар во рамките на 19то коло на 1ПМФЛ на домашен терен ја победи екипата на Башкими со 1:0, која е 10та победа во низа на есенскиот првак во натпреварувањата оваа сезона.
Голот за Вардар го постигна Стефан Цветковиќ, по одбиена топка од удар на Данев, чиј пак е трет гол на вардаровото ново засилување во 3 натпревари. Да потсетиме 28 годишниот Стефан Цветковиќ допатува во зимскиот преоден рок од екипата на Динамо Панчево.
     Тежиштето на играта во текот на целиот меч беше на половината на противничката екипа.
Вардар постигна гол уште во првата минута од натпреварот но беше поништен поради офсајд, ВАР потврда. Шанси речиси стопостотни имаа и Тодоровски погодувајќи ја стативата, Омерагиќ чиј прекрасен удар со глава беше одбранет, Цветковиќ, Закариќ, Николов...
     Вардар останува прв на табелата со 51 бод.
     Следното коло Вардар гостува во Струга.