Вардар на домашен терен рутински ја победи екипата на Силекс со резултат 2:1.
Уште на почетокот на натпреварот Вардар поведе со голот на Цветковиќ, по претходно одработено и сервирано од Горан Закариќ, кој во 15та
минута од пенал го зголеми водството на Вардар од 2:0.
Второт полувреме Вардар го одигра стабилно со многу шанси за да го зголеми резултатот. Гостите по нафрлена топка од корнер успеаја да
го намалат водството на Вардар, но тоа беше најмногу што можеа и направија на овој натпревар.
Конечен резултат 2:1. Во следното претпоследно коло, Вардар гостува во Струга.