Комеморација во чест на Васил Рингов денеска на пладне одржа ФК Вардар АД во Дијамантската сала на хотелот Хилтон.
Беа присутни членови на фамилијата Владиката Г.Г. Стефан, министерот за спорт, претседателот на МОК,
поранешни и сегашни фудбалери на клубот, навивачи, новинари…
Во преполната сала, во обраќањето со многу емоции од страна на Стојмир Урошевиќ и Ѓоре Јовановски, како и од синот на Васе,
Марио Рингов, беше потсетено на неговиот огромен фудбалски придонес, но и на неговиот благ карактер и голема човечност.
Извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, соопшти дека клубот трајно го повлекува дресот со број 11 во кој
настапуваше Рингов.
Исто така клубот поведува иницијатива кон ФФМ, ПУИГ и Министерство за спорт,
Јужната трибина на Арената во Скопје да го носи името на Васил Рингов.
Видео од комеморација во чест на Васил Рингов можете да ја погледнете на следниот
ЛИНК.