Ла Фиорита зад нас, насочени кон Лозана.

     Вардар одигра 2:2 на гостувањето кај Ла Фиорита во Сан Марино и се пласира во 2-то квалификациско коло, во Лигата на конференции на УЕФА.
    Резултатот го отворија домашните преку Фелипе во 10-та минута од пенал, во 59-та изедначивме преку Мато од удар од белата точка, Грандони ја погоди сопствената мрежа за наше водство од 1:2 во 84-та минута, а Јанкулов постигна автогол во 90+3 минута за конечниот резултат. Во првиот меч во Скопје, беше 3:0 за нашата екипа.

    „Некогаш првите 45 минути ќе бидат лоши, некогаш вторите. Тоа е фудбалот. Веќе разговаравме на оваа тема, и повторно после натпреварот во соблекувалната и тој проблем ќе мораме да го решиме. Ни следува посериозен противник, но пристапот ќе ни биде ист. Вардар секогаш оди на победа, но допрва ќе одлучуваме на каков начин ќе играме против Лозана.“ - изјави Азер Омерагиќ.

    Следен противник на црвено-црните е швајцарскиот претстваник Лозана. Првиот натпревар се игра во Скопје, на арената „Тодор Проески“ на 24-ти јули. Реваншот ќе се одигра во Лозана, на 31-ви јули.