Најновото засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, ФК Вардар, е 27-годишниот играч од средниот ред
Ворен Чимбембе.
Поранешниот играч на францускиот прволигаш Мец, како и на шпанскиот второлигаш Мирандес и францускиот второлигаш Гингамп,
е роден во Франција, но настапува за селекцијата за Конго. Пред две сезони вредноста на нашиот нов член била 1,5 милиони
евра, според Трансфермаркт.
Во ростерот на Гоце Седловски се приклучува играч со сериозно искуство од Топ 5 лигите во Европа,
кое треба да се почувствува уште на пријателскиот натпревар што ќе го одиграме против екипата на Марибор,
на 28-ми јуни во 17:30 часот.