Вардар подобар од Брера Струмица.

     Сосема заслужена победа на Вардар против незгодната Брера Струмица од 1:0, во рамките на 23 коло на 1ПМФЛ.
     Резултатот можеби не ја дава вистинската слика на натпреварот, но Вардар целиот натпревар го играше на еден гол, поточно пред голот на гостите од Струмица.
Брера успешно се чуваше се до судиското продолжување на крајот на натпреварот, каде што при удар на Спахиу противничкиот играч Велков играше со рака во сопствениот шестнаесертник. После ВАР проверка досуден беше пенал кој успешно го реализираше Горан Закариќ за нови 3 бода на контото на Вардар.
     Вардар останува прв на табелата со 58 бода.