Иако имаше многу понуди и од странство, младинскиот репрезентативец на Македонија реши да стави потпис на четиригодишен
договор со црвено-црните, до 2029-та година.
Со овој потег, управата на најтрофејниот клуб во Македонија докажа дека се грижи за иднината на својата екипа и на
македонскиот фудбал.
Димитар Данев има 19 години, доаѓа од ФК Работнички, неговата позиција е офанзивен играч за врска,
но воедно може да игра и на двете крилни позиции, лево и десно. Неговата моментална вредност на пазарот е 250.000 евра,
според Transfermarkt.