На состанокот утрово одржан во Раденци помеѓу Извршниот директор на ФК Вардар АД Миленко Неделковски од една страна,
и шефот на Стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено премијата на екипата за
освојување на шампионската титула за следната сезона 2025/26 да биде 250.000 евра.
Двојната круна ќе донесе премија за фудбалерите и стручниот штаб од вкупно 350.000 евра.
Премијата за елиминација на противникот од Сан Марино во Конференциската лига ќе е 50.000 евра.