Вечното дерби му припадна на Вардар!

     Црвено-црните триумфално се враќаат од Битола, со победа против Пелистер и со првата позиција на табелата во домашното фудбалско првенство. Ова беше трет триумф во низа, за нашата екипа, против битолчани.
    Роџерс Мато погоди за 0:1 во 54-та минута, за неговиот единаесетти погодок сезонава, втор во дерби пресметките со Пелистер. Петар Петковски изедначи на 1:1 во 60-та минута. Капитенот Горан Закариќ беше прецизен од белата точка, за конечните 2:1 во 83-та минута.
    Со овој триумф Вардар се враќа на првото место со 30 бода, по 12 кола во нашата прва лига.

    Изјавите на стрелците на головите, Мато и Закариќ, на следниот ЛИНК.