Фудбалерите на Вардар ја забележаа десеттата победа во актуелната сезона од ПМФЛ,
со домашниот триумф против кавадаречки Тиквеш, со 3:1 во рамките на 13-то коло од шампионатот.
Резултатот беше отворен во 19-та минута, со првиот гол сезонава во првиот старт, на големото
засилување Ворен Чимбембе. Иван Ивановски постигна гол од пенал за гостите, за 1:1 во 45-та минута.
Во 81-та минута, Едиз Спахиу беше прецизен за 2:1, а четири минути подоцна Роџерс Мато реализира за конечните 3:1.
На табелата, Вардар е лидер со 33 бода од 13 средби, со 10 победи и три реми натпревари,
се уште без пораз во домашното фудбалско првенство од почетокот на новата сезона.
Изјавите на стрелците на головите Ворен, Едиз и Мато, на следниот
ЛИНК.