Два гола против Брера на гости во Струмица.

     Вардар заслужено славеше на гостувањето во Струмица со 2:0, со што ја врза петтата победа по ред во 1ПМФЛ.
    На каливиот тежок терен за игра на стадионот Благој Истатов во Струмица, екипата на Вардар ја имаше играта во текот на целиот натпревар.
На почеток шанса за гол имаше Спахиу, па се заканија Талески, повратникот Кастањеда кој успешно закрепна од повредата, па повторно Спахиу имаше супер шанса, но сепак првото полувреме заврши без голови.
    Резултатот беше отворен на стартот на второто полувреме. Бабунски убаво нафрли во шестнаесертникот, Спахиу асистираше, а Михаил Талевски ја смести во мрежата на Брера за водство на Вардар од 0:1. Шанса да ја удвои предноста имаше Омерагиќ, но конечните 0:2 ги постави Тодоровски во 71 минута.
    На табелата Вардар останува на врвот со 36 бода.