Минимален триумф за нова победа.

     Петтото коло го поминавме со минимален триумф над Македонија ЃП, во натпревар со инспириран противник. Трите бода за црвено-црните беа резултат на напорната работа на целата екипа, а голот го постигна капитенот Азер Омерагиќ.
    Со многу поагресивна игра во второто полувреме, Вардар поведе во 52-та минута. Успеавме да ја сочуваме нашата мрежа и во моментов сме лидери на табелата, со 13 освоени бода во досегашниот тек на првенството.
    За одбележување во оваа четврта победа сезонава, за нашата екипа е дебитантскиот настап во дресот на Вардар, на репрезентативецот Давид Бабунски.
    Во следното коло гостуваме кај екипата на Арсими, на 18-ти септември од 15:30 часот, во неделата со двојна програма поради репрезентативните настапи на нашата „А“ селекција во мундијалските квалификации.

    Изјавите на Азер Омерагиќ и Давид Бабунски, на следниот ЛИНК.