Поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево,
кој се наоѓа на само неколку стотини метри од нашата тренинг база, управата по барање на стручниот штаб ја премести екипата во Охрид.
Црвено-црните таму ќе бидат во карантин и ќе одржуваат тренинзи пред следните предизвици во домашниот шампионат.
Во четврток, директно од Охрид ќе патуваме на натпреварот во Гостивар, против екипата на Аресими,
во рамките на 6-то коло.
Мечот се игра од 15:30 часот.