Можен противник во третата рунда во ЛК.

     Нашата екипа се подготвува за двомечот со Лозана, кој е на програмата на 24-то јули во Скопје и на 31-ви во Швајцарија, а во меѓувреме се објавени можните противници во третото квалификациско коло во Лигата на конференции.
    Тоа се екипите на Зимбру од Молдавија или Астана од Казахстан. Првите натпреваари од третото коло во Конференциската лига на УЕФА се играат на 7-ми август, а реваншите се на 14-ти август.
    Вардар, во првата квалификациска рунда го елиминира претставникот на Сан Марино, екипата на Ла Фиорита.