Мато двоен стрелец за Уганда.

     Нашиот фудбалер постигна два прекрасни погодока за својата репрезентација, во квалификацискиот натпревар за СП 2026, против селекцијата на Мозамбик. Уганда славеше со 4:0 и се искачи на втората позиција на табелата во групата Г, зад Алжир.
    Мато стрелаше прецизно во 70-та минута за 2:0 и во 84-та минута за 3:0. По седум кола, Уганда има ист број бодови со подобра гол-разлика од Мозамбик, двете селекции освоија по 12. На табелата следуваат Гвинеја, Боцвана и Сомалија.
    Во досегашниот тек од мундијалските квалификации, Мато има три гола со што ја потврдува одличната форма во текот на натпреварувачката година.

    Головите на Мато можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.