Ведран Ќосевски нов голман во Вардар.

     Во последните часови од истекот на преодниот рок, ФК Вардар АД се засили на голманската позиција со Ведран Ќосевски, кој потпиша договор на една година. Чуварот на мрежата последните три сезони настапуваше во македонскиот прволигашки фудбал, каде дојде од Босна.
    30-годишниот Ќосевски, кој е роден во Велес и настапуваше за У21 селекцијата на Босна и Херцеговина, кариерата ја почна во младинскиот, потоа во сениорскиот погон на Железничар. Играше и во Вележ, а одреден дел од кариерата помина и во најуспешниот клуб во Иран, Естеглал.
    Управата на црвено-црните, со последните трансфер-решенија сериозно го зголеми квалитетот на секоја позиција во екипата. Тренерот Гоце Седлоски сега ќе има на располагање четворица чувари на мрежата, со исклучителни карактеристики, во имињата на Давор Талески, Или Зибери, Методија Велковски и Ведран Ќосевски.