Против Новаци во 1/8 финалето од Купот на РМ.

     Црвено-црните ќе се соочат со екипата на Новаци која доаѓа од Втората македонска фудбалска лига, во првиот меч од 1/8 финалето во националниот фудбалски Куп на Македонија. Куриозитет е што и минатата година во 1/8 финалето играа истите противници. Тогаш Вардар победи со 2:0.
    Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 24-ти и на 29-ти октомври, 2025-та година. Се игра еден меч. Ако дуелот во регуларниот дел од времето заврши нерешено, тогаш директно се шутираат пенали.
    Вардар минатата сезона го освои трофејот во Купот на Македонија, со што го најави своето враќање во фудбалските височини. Воедно сме и рекордери, со 6 трофеи во македонскиот фудбалски куп.