Вардар извојува значајна победа во рамките на 7-то коло од домашното фудбалско првенство,
против градскиот ривал Работнички со 3:1.
По водството на гостите во 7-та минута преку Имери, стрелци на головите за нашата екипа беа Давид Бабунски
од пенал во 41-та, Диего Кастањеда во 59-та минута и Роџерс Мато во 69-та.
Црвено-црните прокнижија 19 бода и без пораз во 7 натпревари, со 6 победи и едно реми и со гол разлика 20:8,
се на врвот на поредокот во шампионатот на Македонија.
Нашиот напаѓач и репрезентативец на Уганда, Роџерс Мато досега постигна 8 гола и се издвои на врвот
на листата на стрелците во Македонската прва фудбалска лига.
Во следното коло играме против екипата на Башкими, во Куманово на 29-ти септември во рамките на 8-то коло.
Изјавите на Бабунски, Мато и Диего, на следниот
ЛИНК.