Откритието на ФК Вардар младиот супер талент Филип Цветковски, денеска во просториите на клубот потпиша тригодишен договор
со најтрофејниот клуб во Македонија, ФК Вардар.
Филип е роден на 4ти август 2009 година, и со своите 16 години веќе дебитираше за првиот тим на ФК Вардар во првиот натпревар од
вториот дел на првенството на 1ПМФЛ, каде и ги оправда очекувањата на стручниот штаб и управата на ФК Вардар.
ФК Вардар сите свои расположливи ресурси и знаења ќе ги вложи во овој млад фудбалер, со цел да се развие во голем играч кој во иднина
ќе постигнува врвни рерзултати на фудбалските терени. Неговото време допрва доаѓа.
Со среќа Филип!