ФК Вардар денеска на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани го одигра пријателскиот натпревар со екипата на ГФК Осогово,
кој го доби со резултат 4:1 во своја корист.
Натпреварот пред се имаше хуманитарен карактер во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март минатата година во
дискотеката „Пулс“. Средствата собрани од овој натпревар ќе помогнат во изградбата на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста
за 63 ангели“.
За пофалба беше и хуманиот гест на навивачката група комити, кои на аукција го откупија дресот на Стојанче Велинов,
некогашен фудбалер на „ГФК Осогово“, и истиот го подарија на член на навивачката група „Сејмени“.
Овој натпревар беше последна проверка за ФК Вардар пред почетокот на 17то коло на 1ПМФЛ, каде ќе биде домаќин на екипата на Арсими.
Натпреварот ќе се игра на на фудбалскиот терен „Петар Милошевски“, во среда на 11.02 од 13 часот.