Вардар - Струга Т.Љ. 2:0 е конечниот резултат на 32то финале на Купот на Македонија, со што после
цели 18 години пехарот е во рацете на ФК Вардар.
Ова е и прв ваков освоен трофеј и за Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Гоце Седлоски, кој тактички
одлично ја постави играта на ФК Вардар, што резултираше и на овој натпревар со целосен плен.
Головите за ФК Вардар ги постигна младиот Талески во 18та и 26та минута од првото полувреме.
Со освојувањето на Купот на Македонија, ФК Вардар обезбеди настап во Европа ова лето.