Подготовките започнаа.

     Денеска во тренинг кампот на ФК Вардар, се собра и го одработи првиот тренинг првиот тим на ФК Вардар, по паузата од 20тина дена одмор.
   Во деновите што следат играчите ќе направат и медицински прегледи, по што на 13.06. ке отпатуваат во Раденци, Република Словенија, на усовршување на тактиките и постигнување на потребното кондиционо ниво за игра, зададено од стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски.
   Во текот на подготовките ќе се одиграат и контролни пријателски натпревари со тимови од европските лиги, со цел за повисоки достигнувања во следната сезона.