Екипата на Вардар славеше со убедливи 3:0 во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на
конференции на УЕФА, против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.
Резултатот го отвори Азер Омерагиќ со погодокот во 47-та минута, Друди погоди во сопствената мрежа по
ударот на Јанкулов во 66-та минута, а Роџерс Мато ја потврди победата во 68-та минута.
Следниот натревар на Вардар е реваншот на гости кај Ла Фиорита, на 17-ти јули од 21:00 часот.
На следниот ЛИНК можете да ги слушнете
изјавите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато, дадени веднаш по завршувањето на натпреварот.