Екипата на Вардар се запозна со условите и атмосферата во Сан Марино, пред реваншот со Ла Фиорита во рамките
на првото квалификациско коло во Лигата на конференции на УЕФА.
По воведните 3:0 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, заедничка констатација на нашиот табор е дека не смее
да се дозволи опуштање, пред возвратниот дуел.
„Во овој натпревар влегуваме како да е прв. Сакаме да одиграме уште подобро и да го запечатиме пласманот во
следното коло од овие квалификации. Ова се европски натпревари и без разлика против која екипа играме не
смееме да си дозволиме да размислуваме за следниот ривал.“, рече Давор Талески.
Вардар ќе одработи уште еден тренинг, в среда во приближен термин во кој е закажан натпреварот против Ла
Фиорита. Реваншот на стадионот во Сан Марино, се игра в четврток на 17-ти јули, од 21:00 часот.