Нашата екипа е посилна за двајца нови играчи, кои ја пополнија квотата на странци.
Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан се најновите аквизиции на нашето реководство, со кои ќе атакуваме на највисоки дострели во
актуелната натпреварувачка година.
Бајо е напаѓач од Уганда, има 27 години, минатото беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел.
Раматан има 23 години, игра на позицијата стопер, исто така настапуваше за Вишков во Чешка,
а има искуство и од Синсинати 2 во САД. Последен клуб му беше Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија.
Двајцата репрезентативци на Уганда, сонародници на Роџерс Мато, ја минаа последната полусезона од минатата сезона во клубот од Етиопија.