Нов член на ФК Вардар, и официјално е Муса Раматан. Стоперот од Уганда има 23-години,
во Скопје доаѓа со претходно искуство од Европа и САД.
Тој настапуваше за Вишков во Чешка, има настапи и за Синсинати 2. Последен клуб му е Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија,
каде минатата полусезона ја одигра заедно со уште еден наш нов фудбалер, неговиот сонародник Бајо.
Муса потпиша договор со Вардар на три години, со можност за продолжување на уште една.