Во мечот од 11-та рунда извојувавме тешка победа против екипата на Силекс со 2:1,
со што остануваме на лидерската позиција на табелата во домашното првенство.
Резултатот го отвори капитенот Азер Омерагиќ, со погодок во 8-та минута. Гостите
изедначија преку Хрвановиќ во 14-та минута. Конечниот резултат го постави Роџерс Мато,
од пенал во 9-та минута од судиското надополнување.
Во поредокот, по осмата победа имаме 27 бода, со три реми средби и се уште без пораз.
Во следната рунда се соочуваме со вечнито ривал Пелистер, на стадионот Петар Милошевски во Битола, на 5-ти ноември.
Изјавите на стрелците на головите, Омерагиќ и Мато, на следниот
ЛИНК.