Вардар беше домаќин против Македоија Ѓорче Петров во рамките на 25 коло на 1ПМФЛ, каде што славеше со резултат од 5:1.
Самиот резултат говори со какво темпо се одиграл натпреварот, па затоа ќе ги скокнеме деталите.
Головите за Вардар ги постигнаа Велковски, Кастањеда, Торес, Николов, и повторно Торес со можеби најубавиот погодок на
досегашното првенство.
Вардар сега има 3 бода предност пред второпласираната Шкендија, која загуби од Пелистер кај кого пак Вардар гостува во
следното коло.