Вардар како на тренинг против Шкупи.

     Вардар му даде 7 гола на Шкупи, на гостувањето на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
     Натпреварот во целост изгледаше како лесен тренинг на Вардар, што го покажува и фактот дека домаќините само на два пати го допреа шестнаесертникот на Вардар.
За Вардар голови постигнаа Закариќ, Бабунски, автогол на Рустеми, Тодоровски, Цветковиќ, Спахиу и Омерагиќ.
     Следното коло Вардар го пречекува Тиквеш.