Реми со Струга ТЛ во Скопје.

     Вардар пропушти шанса на домашен терен да го надигра директниот конкурент за највисок пласман во нашето фудбалско првенство, одигравме 2:2 со Струга ТЛ во рамките на 9-то коло од ПМФЛ.
    Резултатот го отворија гостите во 19-та минута, преку Буњамин Шабани. Во 56-та минута Мато промаши пенал, но затоа во 60-та минута постигна маестрален гол со соло акција во противничкиот шеснаесетник. Во 64-та минута Компаоре погоди за ново водство на стружани, а Јанкулов во 90+2 го постави конечниот резултат.
    Црвено-црните имаат 21 бод по девет одиграни натпревари, остануваме без пораз со шест победи и три реми средби. Во следната рунда, по репрезентативната пауза, играме на гости кај Шкендија.