Без голови во Куманово.

     Во рамките на 8то коло на 1ПМФЛ, Вардар гостуваше на екипата на Башкими во Куманово, на тежок натпревар на кој мрежите и на двата тима останаа празни, иако Вардар ја имаше иницијатива во текот на целиот натпревар.
    Во првото полувреме на почеток се закани Мато, па неуспеа ни Омерагиќ во два наврати да постигне гол.
    И во второто полувреме Вардар имаше повеќе од играта. Шанси имаа Најдовски па Закариќ, но можеби грубата игра на домашниот тим кој заработи 6 жолти картони, допринесе овој натпревар да заврши со најнепопуларниот исход, 0:0.
    Во следното коло во недела на 5ти октомври од 15:00 часот, Вардар ја пречекува екипата на Струга Т.Љ.

    Изјавата на Најдовски на следниот ЛИНК.