Новите засилувања на тренинг со ФК Вардар.

          Во пресрет на почетокот на втората сезона на Првата Македонска Фудбалска Лига, ФК Вардар продолжува со подготовките сега веќе во тренинг центарот во Хиподром - Скопје.
На овој прв тренинг по враќањето од Анталија се приклучија и последните засилувања кои ФК Вардар ги договори во зимскиот преоден рок.
     Бобан Николов, Дарко Велковски, Стефан Цветковиќ. Аргентинецот Лукас Пулеио беше присутен и на подготовките во Анталија, а Торрес Јоаким туку што пристигна во базата и очекуваме набрзо и тој да се приклучи во тренинг процесот и натпреварувањата.
     Сабота на 7ми Февруари ФК Вардар ќе игра пријателски натпревар со ГФК Осогово на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, со почеток во 14 часот.
Среда на 11.02 од 13 часот, на фудбалскиот терен „Петар Милошевски“ во Скопје, ФК Вардар ќе се соочи со екипата на Арсими во рамките на 17то коло на 1ПМФЛ.