ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, која
беше одбиена без размислување.
Управата и стручниот штаб на ФК Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и поубедлив настап
на следните европски натпреварувања. Така што речиси воопшто не се ни размислуваше за
продажба на најдобриот стрелец во лигата со постигнати 12 погодоци во полусезоната што помина.
Кассим Рогерс Мато е целосно заздравен од повредата (скршеница на стапало), поради која отсуствуваше од неколку натпревари, и во
полна форма го очекуваме на почетокот на вториот дел од сезоната на 1ПМФЛ.