Давид Бабунски три години во Вардар.

     Црвено-црните се засилија со македонскиот играч од средниот ред, кој има офанзивни карактеристики. 31-годишниот Бабунски минатата сезона играше во шкотскиот Данди Јунајтед, а претходно настапуваше во Унгарија, Романија и Јапонија.
    Давид Бабунски е продукт на Ла Масиа, најпознатата фудбалска академија на светот. Тој помина шест години во редовите на разни старосни категории на Барселона, играше и за вториот тим, пред да замине за Црвена Звезда во 2016-та година.
    За националните тимови играше во сите категории, а во 2017-та во Полска беше капитен на У-21 селекцијата која го обезбеди првото наше учество на едно европско првенство. Бабунски досега забележа 18 настапи за сениорите на Македонија.
    Договорот е потпишан на три години, со што Вардар уште еднаш покажува стабилност во изборот на играчкиот кадар, кој треба да ги оствари амбициите и идеите на најтрофејниот македонски клуб, а тоа секогаш се титулите во домашните натпреварувања и што подобар успех во меѓународни рамки.