Во дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига Вардар и зададе голем удар на Шкендија,
и среде Тетово извојува голема победа од 0-1 (0-0).
Црвено-црните по пауза од 8 години слават победа на гостување во Тетово над екипата на Шкендија.
Голот за екипата на Вардар го постигна Давид Бабунски од пенал во 49. минута, по играње со рака од страна на Ибрахим Алхасан
во шестанесертникот на домашниот тим.
Домаќинот во 87. минута погоди преку Ибраими, но по прегледите во ВАР собата голот беше поништен поради офсајд и трите бода заминаа
за Скопје. Во следното коло Вардар одново игра дерби, овој пат на свој терен против екипата на Силекс.
Со денешните три бода Вардар се искачи на лидерската позиција на табелата по десет одиграни кола (24 бода).
Втора е Струга со еден бод помалку, додека Шкендија е четврта со 21 бод.