Актуелниот освојувач продолжува со одбраната на трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување.
Со победата од 3:1 против второлигашката екипа Новаци, Вардар се најде меѓу осумте најдобри и сезонава,
во која атакува на највисок пласман и во Купот и во првенството.
Овој триумф на црвено-црните е втор редоследен против истиот противник, последниве две сезони.
Спахиу го постигна првиот гол во 9-та минута, 10 минути подоцна прецизен беше Азер Омерагиќ,
а првенец сезонава постигна Ворен во 79-та минута. Погодокот на Новаци беше дело на Стефан Јовановски, од пенал во 44-та минута.
Во 1/4 финалните дуели повторно се игра еден натпревар, рундата е закажана за доцна во ноември,
но можно е истата да биде одложена за пролетната полусезона, поради згуснатиот распоред во домашниот
шампионат на Македонија, во финишот на првиот дел од првенството.