Раководството на ФК Вардар АД ги претстави трите официјални дреса, со кои нашите фудбалери ќе настапуваат
во претстојната сезона 2025/26.
Традиционална црвено-црна комбинација, стандардно бела и новата жолта изведба се изборот за следните 12 месеци.
Оваа опрема своето деби ќе го има на 10-ти јули, на Националната Арена Тодор Проески во рамките на првото
квалификациско коло од Лигата на конференции на УЕФА, на мечот со Ла Фиорита од Сан Марино.