По повод домашниот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на ФК Вардар против екипата
на Ла Фиорита од Сан Марино, кој што ќе се одигра на 10.07.2025 година (четврток) со почеток од 20:30 на
Арената Тодор Проески во Скопје, домаќинот обезбеди новинарски и фото акредитации.
Истите ќе бидат доделени на 09.07.2025 година во прес центарот на Арената Тодор Проески од 18:00 часот.
Гостите од Сан Марино не најавија прес конференција. Од 19:00 часот е закажан тренингот на Ла Фиорита,
кој според правилата ќе биде отворен за јавноста петнаесет минути.
Во 20:00 часот е закажана официјалната прес конференција на ФК Вардар, а официјалниот тренинг кој според
правилата ќе биде отворен за јавноста петнаесет минути е закажан за 20:30.